Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против три лица, осомничени дека како соизвршители извршиле кривично дело – изнуда во периодот од 13 до 15 овој месец
Основното јавно обвинителство во Велес поднесе обвинение против 37-годишен возач на автомобил, кој под дејство на алкохол предизвикал сообраќајка во Кавадарци со мопед со кој се превезувале две деца и избегал оставајќи ги повредени без помош на коловозот
Три малолетни девојчиња со повреди се пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, откако патничко возило утрово удрило во нив на улица „Христијан Тодоровски Карпош“ во скопски Чаир.
– Дваесет и тригодишник од тетовското село Вејце утринава изгубил контрола врз своето возило по што удрил во ѕидот од касарната во Тетово. Нема повредени, а поради удирањето, урнат е дел од ѕидот.
Едно лице се здобило со лесни телесни повреди во една од вкупно шест сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет сообраќајки била причинета материјална штета.
Дваесет и две годишен гостиварец вчера е лишен од слобода и му е одреден 30-дневен притвор, откако Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против него поради сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.
Четири лица се здобиле со полесни телесни повреди во четири од вкупно 10 сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лице кое е осомничено за кривични дела – загрозување на сигурноста и напад на службено лице при вршење работи од безбедноста.
Според Финансиската полиција, Р. Ф., М. В. и Ѓ.А. несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности со што го оштетлите Буџетот на ДУТ за пет милиони денари.