– Дваесет и тригодишник од тетовското село Вејце утринава изгубил контрола врз своето возило по што удрил во ѕидот од касарната во Тетово. Нема повредени, а поради удирањето, урнат е дел од ѕидот.
– Околу 7 часот, на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, патничко моторно возило „Фолксваген голф караван“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот Б.М. од тетовско Вејце, а во кое се наоѓало уште едно лице-сопатник, загубило контрола, излетало од коловоз и удрило во бетонски ограден sид од двор. Во несреќата нема повредени, соопшти Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.
Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.