Пет лица се повредени од кои едно потешко во сообраќајна несреќа на три возила што денеска околу 12:30 часот се случила на регионалниот пат Желино-Групчин, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Кривична пријава за закани кон градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски и неговиот син денеска заработи 34 годишен кумановец.
Во приемното одделение на затворот Идризово попладнево избувна пожар во кој е зафатена кровната коснтрукција, потврди за МИА директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ.
Шест вооружени лица киднапирале и претепале 22 годишно момче во Арачиново поради нерасчистени семејни односи во врска со неговата поранешна вереница од село Арачиново.
Пожар се појави денес во Моноспитовското блато. Таму гори трската во внатрешниот дел на Блатото, кое е последното мочуриште во Македонија.
Во штипската Клиничка болница на инфективното одделение е хоспитализирано уште едно лице со симптоми на труење, а кое во текот на викендот јадело сендвичи од виничката сендвичара.
К.П. (54) од кичевското село Козица го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи вчера во 15:15 часот на регионалниот пат Кичево-Битола кај селото Видрани.
Едно тринаесетгодишно дете е повредено откако вчера попладнето од силниот ветар врз глава му паднала тенда на игралиште во Топаанско Поле во Скопје.
Осумнаесетгодишен скопјанец загина, а две лица се повредени во сообраќајна незгода што се случила ноќеска 02:27 часот на улица „Јадранска магистрала“ во Скопје.