Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово поднесе кривична пријава против К.Т.(41) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Пријавениот, во април 2018 година, како управител на правно лице од Кратово, врз основа на претходно склучен договор со општина Кратово за набавка на градежни материјали за 2017 година, изготвил четири испратници во кои навел количини на градежни материјали кои не ги доставил до општина Кратово, а потоа изготвил и четири фактури за истото и ги доставувил за наплата до општина Кратово.
После тоа, вработен во општина Кратово изготвил и листи за преземена финансиска обврска и на тој начин му овозможил на правното лице да се стекне со противимотна корист во вредност од 472.167 денари на штета на Буџет на општина Кратово.