На 08.12.2019 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје, бил пронајден В.Н.(29), кој имал убодна рана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П.(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото за метеорологија поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“
Секторот за компјутерски криминал ќе поднесе кривична пријава против М.С.(49) од Скопје поради основи на сомневање за сторенo кривичнo делo „загрозување на сигурноста“, казниво по чл.144 од Кривичниот законик
Полицијата вчера пронашла 27 килограми марихуана во возило „опел вектра“ управувано од албански државјанин кај село Кажани – на патот за село Ѓавато, битолско. Марихуаната била наменета за транспорт во Грција
Како што потврдија за МИА од МВР, кон полицаецот бил испукан проектил од огнено оружје, при што тој се здобил со повреда во раката и бил префрлен во здравствена установа за укажување на лекарска помош.
Набрзо потоа, пријавените биле пронајдени и со нив, во присуство на родители и социјален работник, бил извршен разговор во кој тие го признале делото.
Пожар избувна денеска во стан на петти кат во зграда на улицата „Рузвелтова“ во Скопје. Со брза интервенција на пожарникарите пожарот целосно е изгаснат, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.
Во пожар, кој синоќа избувнал во еден часот по полноќ во куќа во село Пиперево, целосно е уништена покуќнината и внатрешните простории и е направена голема материјална штета, информираат од Територијалната противпожарна единица на Струмица.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Против едно лице од Кичево е поднесено кривична пријава поради производство и пуштање во промет наркотични дроги.