СВР Скопје ќе поднесе кривични пријави против четворица малолетници од Скопје (двајца на возраст од 16 години, еден на возраст од 15 и еден на возраст од 12 години), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ и против С.О., татко на 12-годишникот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Според пријавеното, малолетниците на 6 декември околу 19:30 часот на ул.„Александар Урдаревски“ физички нападнале друга група малолетници, при што 12-годишникот со остар предмет го повредил 15-годишникот, кој по укажаната лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски”, бил пуштен на домашно лекување, соопшти МВР.
Набрзо потоа, пријавените биле пронајдени и со нив, во присуство на родители и социјален работник, бил извршен разговор во кој тие го признале делото.
Кривична пријава ќе биде поднесена и против С.О., бидејќи неговиот син, кој има под 14 години, употребил остар предмет при вршење на кривичното дело.