Десет лица се здобиле со лесни телесни повреди во осум од вкупно 14 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје
Непознат сторител извршил кражба во црквата „Св. Петар и Павле“ во Ѓорче Петров, при што одзел пари
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против 38-годишен скопјанец за сторено кривично дело – недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи
Триесетгодишниот Д.С. од Кочани го извршил убиството врз неговиот 55-годишен татко В.С. во семејната куќа во кочанската населба Усова чешма
Секторот за односи со јавност при СВР – Битола соопшти дека денеска е пронајден Ѓ.С.(44) од Битола, за кого на 8 октомври околу 19:00 часот неговиот син Н.С.(19) пријавил дека се оддалечил од домот
Возач на мопед и еден сопатник на мопед се здобиле со тешки телесни повреди, а девет лица со лесни телесни повреди во шест од вкупно десет сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета
На 15.10.2019 во 12.05 часот на полицискиот полигон во Пенуш, штипско, при боево гаѓање од припадници на Министерството за внатрешни работи, со повреди се здобил полициски службеник, на кого му била укажана лекарска помош во Клиничка болница Штип.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Г.(62) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „несовесно работење во службата“.
Седумнаестгодишен кумановец по прекинувањето на љубовна врска со 15 годишно девојче, креирал лажен профил на Фејсбук и објавувал фотографии со компромитирачка содржина од малолетничката.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 22-годишен скопјанец за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори