Охридската полиција успеа да го пронајде разбојникот кој изврши неколку провали во повеќе објекти во градот, поднесувајќи против него кривична пријава за извршени неколку дела „тешка кражба“.

Имено, полицијата поднесе кривична пријава против лицето А.К. (45) од Охрид, заради постоење основано сомнение дека е сторител на вкупно шест казнени дела.

Осомничениот на 19. и 20. овој месец со употреба на подесен алат и физичка сила ги отворал влезните врати и насилно влегувал во ресторани, маркети, бутици и други деловни објекти лоцирани на улиците „Св.Климент Охридски“, „Лазо Трпоски“, „Никола Карев“, „Јане Сандански“ и булеварот „Туристичка“, во Охрид при што од објектите одземал пари со што се стекнал со противправна имотна корист. аб/цр



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2020 20:07