Кривична пријава заработија браќата од тетовска Голема Речица за претепувањето на лекарот од тетовската Клиничка болница.
Предмет на акцијата,како што информираат од Царинската управа, е контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра.
На улица „Цветан Димов“ во Скопје синоќа во 22.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Г.(28), А.А.(32), А.К.(28), Б.А.(26), В.К.(32), Н.Е.(31) и Е.А.(32), сите од Скопје.
Лекарот од тетовската болница кој утринава физички беше нападнат од пациент е во стабилна состојба и нема сериозни повреди, потврди министерот за здравство Венко Филипче.
На Кожното одделение во клиничката болница во Тетово утринава околу 9 часот бил нападнат лекар. Случајот е пријавен во тетовската полиција.
Благајник на наплатната рампа Гостивар на автопатот „Мајка Тереза” бил удрен и навредуван од возач кој не сакал да плати патарина.
При контролата, соопшти денеска МВР, откриени се 40 возачи на мотоцикли кои сториле прекршоци, за што им се издадени исто толку прекршочни платни налози.
Во атар на дојранското село Николиќ, вчера во 05.30 часот полициски службеници ги привеле лицата Р.Х.(61) и А.Х.(26), двајцата од Република Албанија.
Во пожар, што избувна околу 9 часот, изгоре стара куќа, а зафатен е покрив од уште една на улицата „Јајце“ во Струмица.
Во 16 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје, 11 лица се здобиле со повреди, од кои едно со тешки телесни повреди.