Благајник на наплатната рампа Гостивар на автопатот „Мајка Тереза” бил удрен и навредуван од возач кој не сакал да плати патарина.

Според СВР Тетово, четириесет и петгодишниот гостиварец З.Д. синоќа пријавил дека околу 21 часот и 45 минути бил физички нападнат од едно лице, кое одбивало да плати патарина.

По пријавата, полицијата презема мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2019 18:41