Притвор во траење од 30 дена му е определен на осомниченот за убиството на 17- годишниот Никола Христовски, што се случи завчера во населбата Ново Лисиче во Општина Аеродром, соопшти денеска Јавното обвинителство
Дваесет и едногодишно момче од демиркапиското село Бистренци вчера влегло во водите на реката Вардар околу 14 часот, да се разлади додека ги напасувало своите говеда, но досега не е вратено дома, па најблиските и соселани ноќеска и утрово го бараат покрај Вардар и во реката
Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје на својот Фејсбук профил потврди дека синоќа убиеното 17-годишно момче бил нивен доскорешен член.
МВР соопшти дека поднело соодветен поднесок против Р.З. (67) од село Зајас, осомничен за предизвикување пожар во месноста Думовско Маало во селото.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи на Кавадарци поднесе кривична пријава против А.П. (50), поранешен градоначалник на општина Кавадарци, Ѓ.Ч. (58) управител на „Масон инженеринг“ дооел – Скопје и Љ.Ѓ. (63), управител на „Хидроградежен инженеринг“ доо – Скопје, поради постоење основано сомневање за сторени кривични дела „злоупотреба на службена должност и овластување“ и „бесправно градење“
На локалниот пат за селото Грешница-кичевско вчера попладне патничко моторно возило „Опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Н.Р. (74) од истото село, излетало од патот. Сопатничката З.Р. (75) се здобила со тешки телесни повреди
Во велешкото село Мелница синоќа околу 19:15 часот по претходна караница помеѓу 46-годишниот Р.Р. и 28-годишниот Ш.М, двајцата од село Мелница настанала физичка пресметка меѓу две групи од по три лица, при што со повреди се здобил Ш.М.,информираат од СВР Велес
Двајца жители на Тетово се приведени откако во два одвоени случаи попречувале полицајци да извршат претреси, информира денес СВР Тетово
Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против Т.Д.(54) од струшкото село Драслајца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“
Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје во рамки на преземени мерки и активности издадени се 32 мандатни платни налози, а санкционирани се 50 пешаци