Надворешната канцеларија за криминалистички работи на Кавадарци поднесе кривична пријава против А.П. (50), поранешен градоначалник на општина Кавадарци, Ѓ.Ч. (58) управител на „Масон инженеринг“ дооел – Скопје и Љ.Ѓ. (63), управител на „Хидроградежен инженеринг“ доо – Скопје, поради постоење основано сомневање за сторени кривични дела „злоупотреба на службена должност и овластување“ и „бесправно градење“.

Како што соопшти денеска МВР, А.П. кривичните дела ги сторил во периодот од 2014 до 2016 година на тој начин што како градоначалник на општина Кавадарци, ја злоупотребил својата службена положба и овластување во врска со градба на модуларна паркинг/катна гаража на ул. „1 Мај“ во Кавадарци на земјиште сопственост на Република Северна Македонија иако знаел дека за таквата градба нема одобрение за градење издадено од надлежен орган и е исплатена висока фактура за модуларен објект, катна гаража. Со тоа, се посочува, нанел вкупна материјална штета на буџетот на општина Кавадарци во вкупна вредност од 29.773 961 денари.

Второпријавениот кривичните дела ги сторил во периодот од 2014 до 2016 година година злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување како одговорно лице во „Масон инженеринг“ дооел Скопје и во својство на изведувач, изведувал градба на земјиште соственост на Република Северна Македонија, иако знаел дека предметната градба нема одобрение за градење издадено од надлежен орган

Според МВР, третопријавениот, кривичното дело исто така го сторил во периодот од 2014 до 2016 година на тој начин што, ја злоупотребил својата службена положба и овлстување и како одговорно лице во својство на стручен технички надзор на изградба на градежни работи, вршел надзор над градба иако знаел дека предметната градба нема одобрение за градење издадено од надлежен орган.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2019 15:52