На 13.08.2019 во 19,40 часот од страна на полициски службеници на СВР Охрид на регионалниот пат Охрид-Св.Наум приведени се Л.Г.(34) и А.В.(39) и двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори
Седумнаесетгодишно момче го загуби животот откако по расправија која продолжила во физичка пресметка бил прободен со нож од негов врсник
Во Полициската станица Дебар синоќа во 23:45 часот било пријавено дека во Општата болница во Дебар бил донесен Е.М. од Албанија, со повреди во пределот на левата рака и лицето.
Со бесправна сеча на дрва З.Р (33) од кичевско Жубрино и Ф.Б (32) од Кичево се стекнале со противправна имотна корист од 539.000 денари.
По сеопфатна истражна постапка отворена во март годинава, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе обвинителен акт против четири лица, македонски државјани, вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање
Тетовската полиција ноќеска приведе четири лица, сите до 30 години, поради поседување кокаин кај нив додека им бил извршен претрес. Двајца биле најдени во Жеровјане, додека уште двајца во Боговиње
Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената
– Пожарот е под контрола нема опасност од ширење. Има голема количина на прагови за железничка пруга кои се дрвени премачкани со специјални премази, што го отежнува гасењето, изјави шефот на смена од ТППЕ Куманово, Ненад Кипријановски.
Во 04:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во бензинска пумпа на ул. „Ѓорче.Петров“ едно лице со закана извршило разбојништво и одзело пари.
Сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила се случи на еден километар пред граничниот премин Богородица на македонско-грчката граница, потврдија од СВР Струмица.