Осум противпожарни возила со повеќе од десеттина пожарникари се обидуваа да го локализираат пожарот што избувна на пат во близина на Железничката станица Куманово, информираа надлежните од Територијалната противпожарна единица Куманово.
– Пожарот е под контрола нема опасност од ширење. Има голема количина на прагови за железничка пруга кои се дрвени премачкани со специјални премази, што го отежнува гасењето, изјави шефот на смена од ТППЕ Куманово, Ненад Кипријановски.
Пожарот во СВР Куманово е пријавен во 17:40 часот, од каде информираа дека сообраќајот на делницата Куманово-Табановце е во прекин. Облак од густ црн чад се забележува од повеќе локации во Куманово.