Триесет и петгодишен професионален војник од Скопје се повредил вчера при изведување на воена вежба за боево гаѓање со рачен ракетен фрлач.
Петгодишно дете било каснато во пределот на десниот образ од куче-скитник викендов во Скопје.
Дваесет и шестгодишниот А.Ц. половина час пред полноќ во Полициската станица Центар пријавил дека околу 22,20 часот на улицата „Кеј Димитар Влахов“ две непознати лица физички го нападнале, по што му одзеле мобилен телефон и го напуштиле местото на настанот.
Седумдесет и шестгодишната Ц.Т. (76) вчера е пронајдена почината во нејзиниот стан во Кавадарци.
Полициски службеници од Полициската станица Гостивар синоќа околу 21 часот, од слобода го лишиле Н.И.(34) с.Дебреше-гостиварско, кој бил затекнат додека извршувал тешка кражба во мини-маркет во с.Врапчиште.
- Предметот е резултат на неколкумесечната истражна постапка и меѓународната правна соработка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со Јавното обвинителство за организиран криминал во Република Србија, наведуваат од ЈОРМ.
Патнички и товарен воз вчера удриле на поставени предмети на пругата во близина на Железничката станица Смоквица, при што нема повредени лица, но е предизвикана материјална штета.
Едно лице е загинато и седум се полеснo повредeни во осум сообраќајни несреќи регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје.
Во тепачка што се случила вчера пред Полициската станица во Радовиш, еден од учесниците при турканицата која настанала, одзел пиштол од полицаец кој сакал да го спречи насилството и се заканил дека ќе го употреби. Пиштолот веднаш му бил одземен од полицискиот службеник.
Седум лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 17 се полеснo повредeни во 19, од вкупно 31 сообраќајна несреќа регистрирана во изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје.