Гостиварец бил приведен синоќа заради напад на полицаец.

Според СВР Тетово, полициски службеници вчеравечер во 22 часот и 35 минути, на излезот од Гостивар, на здуњска крстосница, го лишиле од слобода Х.И. (62) од гостиварското село Здуње. Тој претходно управувајќи патничко моторно возило „фолксваген голф“ со гостиварски ознаки, не почитувал дадена наредба од сообраќајна патрола. Набрзо потоа и физички нападнал еден полициски службеник.

Х.И. задржан е во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2019 12:26