Во пожар, кој синоќа избувнал во еден часот по полноќ во куќа во село Пиперево, целосно е уништена покуќнината и внатрешните простории и е направена голема материјална штета, информираат од Територијалната противпожарна единица на Струмица.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Против едно лице од Кичево е поднесено кривична пријава поради производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Во болницата во Блаце веќе нема згрижени пациенти, сите се пуштени на домашно лекување. Сѐ уште не се пристигнати детали за несреќата од страна на МВР на Србија.
Вкупно 26 лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи утринава на патот Блаце- Белољин во Република Србија, во која автобус со македонски регистарски таблички се превртел носејќи патници на еднодневна екскурзија на Копаоник.
Две лица се тешко повредени, а десет полесно повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска на автопатот Прокупље-Блаце, кога околу 10 часот се преврте автобус од Северна Македонија, кој превезувал патници до Копаоник.
Едно лице е тешко повредено, а 11 се полесно повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Прокупље – Блаце, кај Белољин, кога околу 10 часот се преврте автобус од Северна Македонија, кој превезувал патници до Копаоник, јавува РТС.
Непозанти млади лица синоќа во Бутел со нож нападнале две малолетни деца, при што на едното дете на возраст од 13 години му е забоден нож во грбот, а на другото дете на слична возраст му е скината јакна од ножот во обид да биде прободено.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера вечер донесе наредба за спроведување на истражна постапка против три лица
Како што соопшти МВР, на 19.07.2019 полициски службеници извршиле претрес во дом на пријавениот, при што пронашле ловна пушка и 87 парчиња муниција од различен калибар.