Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против лицето кое завчера изврши разбојништво во центарот на Скопје кај сендвичарата „Вили“
При пасошка контрола, вчера во 11:50 часот на граничниот премин „Аеродром Скопје“ било констатирано дека лицето А.Г. (49) од Холандија се наоѓа на листата со мерка „Апси“ по барање на Интерпол
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“
Во товарно возило „Мерцедес Атего“ со скопски регистарски ознаки вчера во близина на валандовското село Грчиште биле пронајдени 48 лица-мигранти од кои 38 лица од Пакистан и десет од Бангладеш
Седум лица биле полесно повредени во шест од вкупно 11 сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во пет од сообраќајките била причинета материјална штета
Товарен воз денеска предизвикал пожар близу железничка пруга од Дуброво до Демир Капија, најверојатно поради искрење при движење, изјави за МИА Иле Илиев, командир на Територијалната противпожарна единица од Неготино
Еден потешко повреден и уште деветмина полесно повредени е последицата од инцидентот на локалниот пат во Горно Орашје, каде 61 годишен жител на Мала Речица удрел во 10 пешаци
Дваесет и осумгодишен скопјанец заработил кривична пријава за тешка кражба од струшката полиција, соопшти денеска СВР Охрид
Триесет и двегодишен штипјанец е обвинет за измама и злоупотреби средства од фондовите на Европската Унија
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за сторено кривичното дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори