Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Обвинетиот, 65-годишен жител на село Марино, во својот дом неовластено држел полуавтоматски пиштол „Црвена застава мод.70“ со калибар од 7,65 милиметри, со два шаржера, десет куршуми со калибар 7,65 милиметри, ловна пушка „Заводи црвена застава“ со калибар 12 милиметри, полуавтоматски пиштол „Црвена застава м 57“ со калибар 7,62Х25 милиметри, 18 куршуми за тој пиштол, 89 ловни патрони, како и пневматска пушка без ознака и број и од неутврдено потекло, наменета за истрелување на оловни проектили – дијаболи.

Со поднесување на обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на веќе определената мерка куќен притвор.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2019 10:35