Железничкиот сообраќај на релација Скопје – Куманово (Табановци) и во обратен правец ќе биде во прекин во следните неколку денови, поради излизгувањето на вагони од товарен воз на излезната свртница во кумановската железничка станица, што се случи изутрината околу два часот, најави МЖ Транспорт.
Вагони на товарен воз на МЖ Транспорт, што сообраќал од Куманово кон Скопје, се излизгале ноќеска околу два часот на излезната свртница кај кумановската железничка станица, поради што е во прекин железничкиот сообраќај, потврдија за МИА од железничкото претпријатие.
Четириесет возачи изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје возеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај се исклучени четворица возачи под дејство на алкохол и 16 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување моторно возило.
Во текот на месец јуни, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани технички производи, медицински стерилизатор, лекови, облека, девизи, парфеми и друго
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против шест лица, осомничени дека сториле тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот кои резултираа со тешката сообраќајна несреќа на автобусот на „Дурмо турс“ во која 16 лица го загубија животот, а вкупно 38 патници се здобиja со тешки телесни и телесни повреди.
Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера меѓу моторцикл „Баотиан 125“ без регистарски ознаки и товарно моторно возило „Мерцедес Актрос“ со гевгелиски регистарски ознаки на крстосницата со локалниот пат Богданци-с. Стојаково.
На подрачјето на Град Скопје изминатиот викенд се случиле 19 сообраќајни незгоди од кои во девет има повредени лица, а во 10 е причинета материјална штета. Според билтенот на СВР Скопје, повредени се вкупно 12 лица од кои три потешко и девет полесно.
Нема повредени патници во несреќата во којашто се запалил автобус на тетовскиот превозник „Хафет турс“ изутрината околу два часот по полноќ во близина на Дубровник
Кај 32 возачи е утврдено присуство на алкохол во крвта, а двајца одбиле проверка, при акциската контрола што ја спроведе ноќеска Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје
Сообраќајот на магистралниот пат Страцин – Крива Паланка е во прекин во двата правца поради сообраќајна незгода