Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Штип – Кочани во близина на клучката кај селото Уларци.
Кантоналната полиција на Цирих нуди награда 10.000 швајцарски франци за секое лице кое ќе обезбеди информации за апсење на убиецот на 51-годишниот И. Истрефи.
Шестгодишно дете од скопската населба Илинден е повредено кога во него удрил мотоцикл „лонгија баутијан“ управуван од 16-годишник од селото Кадино.
Еден пешак е потешко повреден, а шест се здобиле со полесни повреди во пет сообраќајни незгоди што се случиле на подрачјето на Град Скопје изминатото деноноќие. Во шест сообраќајки е причинета материјална штета.
На граничниот премин Ново Село – Златарево на македонско-бугарската граница поради вчерашниот пожар, во кој изгоре административната зграда од бугарска страна, се пропуштаат само патнички возила. Товарниот сообраќај е во прекин.
Доцна попладнево во кафулаето лоцирано на Плоштадот во Скопје настана вистински хаос откако полски навивачи кои се дојдени во Македонија за да ја бодрат својата репрезентација пред утрешниот натпревар се испотепаа меѓу себе.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека поради пожар што избувнал на бугарска страна, на самиот граничен премин, околу 16 часот (денеска 6.6.2019), затворен за сообраќај е граничниот премин Ново Село-Златарево
Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дeка сторило кривичнo делo „разбојништво“.
Четири лица се полесно повредени во три сообраќајни незгоди од вкупно 12 сообраќајки што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во девет сообраќајки е причинета материјална штета.
Секторот за внатрешни работи од Тетово информираше дека е најдено шестодишното дете од Прилеп кое беше пријавено кај нив како исчезнато на 18-ти мај од страна на родителите. Детето го нашле полициски службеници во Скопје.