Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до OЈО Скопје поднесе кривична пријава против И.П. (36) од Скопје поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Исчезната е 56-годишна жена, жител на селото Мождивњак, Кривопаланечко. Случајот го пријавила во полиција нејзината снаа во текот на вчерашниот ден, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово
Дваесет и шест годишниот А.М од Штип заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил четири кривични дела, информираше денеска портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова. Тој во залошништво држел 24-годишна жена и нејзините две деца, истовремено извршил и обљуба врз неа, а нападнал и полициски службеник.
Во СВР Скопје утрово околу 04.13 часот било пријавено дека на улица „Партизански пат“ во населба Драчево, во дворот од куќата на Н.И.(25), непознато лице фрлило експлозивна направа.
На брегот на Дебарско Езеро во месноста наречена „венец“ вчера е пронајдена стара експлозивна направа, рачна бомба.
Лице кое престојувало во зградата на поранешен хотел „Кристал“ во центарот на Куманово, бил избоден со остар предмет, соопштија денеска од СВР-Куманово.
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против жител на село Пелинце, Општина Старо Нагоричане, поради постоење сомнение дека сторил кривичното дело – ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.
Обвинение против 38-годишна жена и 46-годишен маж поднесе велешкото Јавно обвинителство до Основниот суд во Велес, бидејќи секој од нив сторил кривични дела – запуштање и малтретирање на дете. Во временскиот период во кој децата биле оставени сами, во куќата избувнал пожар во кој сите три деца го загубиле животот.
Половина час по полноќ на „Меѓународниот аеродром Скопје“ пристигнал авион што сообраќал на релација Базел-Скопје, и било пријавено дека во него имало лице кое не дава знаци на живот.
Кривична пријава е поднесена против кумановец поради ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.