На подрачјето на Град Скопје изминатото деноноќие се случиле 12 сообраќајни незгоди од кои во шест полесно се повредени 10 лица, а во шест е причинета материјална штета.
Полицијата во последната контрола на комбиња кои превезуваат ученици од средните и основните училишта низ Гостиварско открила низа прекрошоци кои ја загрозуваат безбедноста
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинене против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Едно лице загинало во една од вкупно две сообраќајки што се случиле изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје. Во другата сообраќајка полесно е повредено едно лице.
Секторот за внатрешни работи – Битола информира дека денеска од страна на директорот на ОУ „Коле Канински“ од Битола е доставено официјално барање за постапување затоа што, како што е пријавено, кај неколку ученици била забележана појава на самоповредување.
Ограбена е поштата во село Злетово во Општина Пробиштип информираше денеска портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова
Дваесет и петгодишно момче е повредено вчера на работно место во фабрика во Виница.
Двајца браќа од Скопје се приведени бидејќи при претрес во нивниот дом пронајдени се повеќе различни пакувања марихуана и оружје.
Сто и педесет илјади евра се одземени во вчерашниот грабеж во експозитурата на НЛБ банка во Чаир, соопштуваат од Банката.
Изминатиот месец струшката пожарна интервенирала 88 пати, што е речиси седум пати повеќе во однос на истиот месец, претходната година кога биле извршени 14 интервенции.