Македонска државјанка загина денеска на автопатот А3 кај Окучани во Хрватска кога возилото со германски регистарски ознаки во кое била совозач излетало од коловозот во одводен канал и се превртело на покрив.
Сообраќајната полиција изминатите 24 часа напишала 133 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 84 возила, покажува денешниот билтен на СВР Скопје.
-На 10 април 2019 во 15.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на стариот пат за село Батинци, Скопско, петгодишно девојче, додека играло со други деца, а нејзините родители присуствувале на свадба, паднало во Маркова Река.
Осуденик во затворот во Струмица криел марихуана во храна. Дрогата, како што денеска соопшти полицијата, ја открил надзорник во затворот при рутинска контрола.
Со помош на скенер и специјално обучено куче, царинските служби на солунското пристаниште откриле контејнер од Кина со 629 000 кутии, односно 12 596 000 парчиња шверцувани цигари, соопштуваат од Независна служба за јавни приходи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Л.Х. формирал криминална група за криумчарење на недозволени стоки и противправно набавил поголема количина стаклена јагула, која е редок подмладок на јагулите и претставува загрозен вид во Европа.
Војникот што бил на стража, постапувајќи според пропишаните процедури и постапки, рано изутрината во 2:53 часот спречил обид за насилен влез во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, информира Министерството за одбрана.
Против Б.Д.(69) од Скопје, поранешен секретар на Општина Сопиште, поднесена е кривична пријава од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.
Албанските државјани Е.М.(20) и Ш.М.(56) се приведени вчера од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ при обид за илегално преминување на државната граница од Република Северна Македонија кон Република Албанија.
Седум лица се полесно повредени во четири од вкупно девет сообраќајки регистрирани ви изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје.