-Во 16:16 часот изгубен е контакт со мал воздухоплов тип Цесна П210Н кој летал од Охрид за Софија. Поради лошите временски услови пилотот одлучил да слета во Скопје, а по кратко време побарал дозвола да породолжи за Софија, рече Тасески.
Двете возила се судриле на самата наплатна рампа, практично меѓу две кабини, што се гледа од видеото.
Пожарот бил пријавен во СВР Скопје синоќа во 23:40 часот, а бил изгаснат изутрината во 06:50 часот од Бригадата за противпожарна заштита
На 02.04.2019 пронајдена е и предадена на семејството И.А. (18) од Скопје
Седум пожари се активни во моментот во државата, а 11 се локализирани. Во гаснењето на пожарот во атарот на селото Норово кон селото Селце во општина Крушево утринава повторно е ангажиран хеликоптер на Армијата.
Вчера од страна на полициски службеници од СВР Битола од слобода бил лишен Ѓ.Н.(19) од село Врбоец, крушевско, поради тоа што бил забележан како подметнува пожар околу 10:40 часот во атар на село Врбоец, при што била опожарена ниско и високостеблеста дабова и букова шума.
На 67 години синоќа почина охридскиот историчар на уметност, истражувач и археолог Гоце Ангеличин Жура.
Во судар на две возила на наплатна рампа на автопатот Тетово – Гостивар утрово загина 51-годишна жена од Кичево, информираше Секторот за внатрешни работи – Тетово. Несреќата се случила околу 6.45 часот.
Дванаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во девет од вкупно 16 сообраќајни незгоди, а во седум е причинета материјална штета во изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје.
Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската болница-Прилеп каде му била укажана лекарска помош.