Јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 предложи притвор за косовскиот државјанин кој во неделата вечер беше фатен со 14 килограми марихуана блиску до граничниот премин Блаце.
Гаснењето на пожарот, што вчера избувна кај Скопска Црна Гора продолжува и денеска. Екипите на противпожарната бригада на Град Скопје се на терен цела ноќ, а од раните утрински часови ангажирани се и воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување.
Еден мотоцикл се здобил со тешки повреди, а пет лица со лесни повреди во пет сообраќајни незгоди од вкупно 12 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајки е причинета материјална штета.
Вечерва од страна на полициски службеници е пронајдена 16-годишната О.П., за која нејзината мајка Б.П. (47) вчера во 22.00 часот во Полициската станица Кисела Вода пријави дека се оддалечила од домот.
Со оглед на фактот, посочуваат од ДЗС, дека никаде во светот не е предвидено да се гасне пожар во ноќни услови, акцијата на нивните воздухоплови траела до зајдисонце.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против лице дека сторило кривично дело – Изнуда, предвидено и казниво согласно член 258 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик
Основното јавно обвинителство од Велес работи на расчистување на сообраќајната несреќа што се случи вчера околу 16:40 часот на автопатот Гевгелија-Скопје на оддалеченост од 6,5 километри по мостот Виничани, во која учествувало патничко моторно возило и двајца мотоциклисти, при што загина еден од мотоциклистите
Во реонот на Полициската станица за граничен надзор „Блаце“, вчера околу 20:00 часот кај местото „Терминал“, полициски службеници го лишиле од слобода и привеле Ф. Д. (33) од село Пустеник, Косово, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“
Гори ниска мешана шума и бор на местото Црн камен, на потегот Липково, Скопска Црна Гора и селото Матејче.
Две лица се приведени синоќа во Гевгелија поради незаконско присвојување арехолошки предмети.