На автопатот Гевгелија-Скопје, на излез од Гевгелија, вчера во 20.10 часот полициски службеници забележале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки и при контрола во возилото биле пронајдени седум лица – мигранти од Авганистан.
Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, ќе поднесе кривична пријава против С.М.(29) осуденик во Казнено-поправната установа Идризово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Се судрија возило марка „мерцедес“ со албански регистарски таблички од Тирана и товарно возило од Скопје на патот Градско-Росоман. Повредени нема, причинета е само материјална штета, информацијата за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Пронајдено е починато бебето на 19-годишната струмичанка, која се породила дома. Случајот во саботата во СВР Струмица го пријавил лекар од струмичката болница, каде била хоспитализирана девојката, а по извршениот преглед било констатирано дека претходнобила породена.
На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби поради компликации од грип почина 14-годишно дете.
Две 17-годишни момчиња биле повредени откако синоќа со мопед излетале од патот, на делницата од Кавадарци кон селото Брушани кај Тиквешко Езеро, во месноста викана „Модри стени“.
Девет лица се здобиле со лесни телесни повреди во осум сообраќајни незгоди од вкупно 12, што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Во периодот од август 2018 до февруари 2019 пријавените, на нелегален начин одзеле фотографии од 13-годишно девојче.
Во текот на минатите две седмици, царинските службеници открија еден обид за криумчарење наркотични средства и неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, еден автомобил, автоделови, облека и цигари.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Министерството за внатрешни работи доставил наредби за издавање на централни и меѓународни потерници за две лица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.