Педесет и четири годишна жена од Штип пријавила дека била измамена за околу седум илјади евра, средства што ги уплатила на агенција како трошоци потребни за да и бидат префрлени 850.000 долари, од лице кое го запознала на социјалната мрежа „фејсбук“ на крајот на октомври 2018 година и кои се претставило дека е американски војник повреден во Авганистан.
Тело на 30-годишен македонски државјанин извадила попладнево хрватската полиција од море кај Дубровник. Како што јавува ХИНА, во тек е увид на местото и се утврдуваат околностите за смртта на мажот, а неофицијално се удавил.
Гостиварското Јавно обвинителство почна постапка против две лица, жители на Скопје, за кои постои основано сомнение дека извршиле тешка кражба во Гостивар.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи извршил увид на лице место во струшкото село Поум, каде вчера во попладневните часови беше лишено од живот едно лице на возраст од 23 години.
Дваесет и три годишно момче од струшкото село Поум денес вчера попладне починало од истрели од огнено оружје.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53-годишниот Ј.З. од струшкото село Делогожда, 48-годишниот Р.И. од село Горно Татеши и против 45-годишниот Б.В. од село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
На булевар „Партизански одреди“ во Скопје вечерва во 18:35 часот е пукано од едно возило кон друго, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
На 5 март ќе продолжи судењето за убиството на Никола Саздовски.
Кривична пријава за лихварство поднесе СВР Куманово до надлежното обвинителство против три лица. За случајот се осомничени Д.А.(42), А.М.(36) и А.Л.(62), сите од Куманово.
Работник почина во Битола, откако падна од скеле на бетонска подлога на Градскиот стадион во Битола.