СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53-годишниот Ј.З. од струшкото село Делогожда, 48-годишниот Р.И. од село Горно Татеши и против 45-годишниот Б.В. од село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Во периодот од први јануари 2018-та до 23-ти јуни 2018 година, пријавените како возачи во „М-НАВ“ АД Скопје-АКЛ Охрид, со картички за гориво од бензинска пумпа, кои биле наменети за набавка на гориво за службените возила на наведената компанија, набавувале гориво за приватни возила за што прикажувале лажни сметки и налози. Со ова пријавените на „М-НАВ“ АД Скопје му нанеле материјална штета од 382.363 денари, информираат од МВР.