Во врска со шпекулациите кои се шират во јавноста, а за наводно постоење на киднапери кои киднапираат поради препродажба на човечки органи, Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира истите и ги отфрла како целосно неточни.
Во Општата болница во Кичево рано изутрината со возило на Итната медицинска помош бил донесен 59-годишниот Д.М., кој се здобил со сериозни повреди на работното место во фабрика во градот.
Сто садници од лешници и земјоделска површина од околу 2.000 метри квадратни земоделска површина изгореле во пожар во Вевчани, соопшти денеска СВР Охрид.
Дваесет и деветгодишна девојка утрово е пронајдена почината во нива во Визбегово.
Десет мигранти од Авганистан и Пакистан биле откриени до скопски “мерцедес” кај Демир Капија, синоќа во 21.30 часот на автопатот А-1, на делницата Гевгелија- Неготино, кај мост Клисура.
Во вчерашната контролна акција на сообраќајната полиција низ полошките сообраќајници, откриени се над триесет технички несправни автобуси, комбиња и минибуси кои вршат превоз на патници. Констарано е дека секое петто возило било со несправни сопирачки и уред за управување. Од сообраќај биле исклучени 34 возила.
Две лица од Долно Свиларе се приведени во полициската станица во Сарај бидејќи кај нив се пронајдени кокаин, куршуми и марихуана.
Осум лица се здобиле со лесни телесни повреди во шест од вкупно 11 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во пет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Досие.мк во потрага по информацијата дека скопјанецот кој беше пријавен дека е исчезнат го обиколи теренот околку населбата Нерези. Локален жител кој сакаше да остане анонимен ни раскажа како дознал за смртта на момчето.
Како што информираат од МВР, на булеварот Александар Македонски во Прилеп при обид да биде сопрено возило, 36-годишниот прилепчанец кој управувал со него се дал во бегство и низ прозорецот почнал да фрла кокаин.