Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека повело постапка против девет лица од организирана криминална група за изработка и продавање огнено оружје.
Во поширокиот велешки регион лани биле извршени 141 кражба, што е за 20 проценти помалку споредено со 2017 кога имало 175, инфомрират од СВР Велес.
Според информацијата од СВР Велес, вчеравечер во 18.00 часот во СВР Велес 21-годишно момче од неготинско село пријавило дека на 16 февруари околу 01.30 часот пред наплатната станица „Градско“ непознат сторител го присилил на полов однос.
Двајца скопјани во работилница изработувале и со погоден алат конвертирале сигнални пиштоли во огнено оружје.
Во неколку различни случаи документирани се продажби на вкупно десет пиштоли. При реализацијата на 18.02.2019 година, постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија за претходна постапка, извршени се претреси на вкупно 13 локации, а при претресите лишени од слобода се Ф.А. (39), Б.А. (34), Н.М. (63), Ф. Ј. (32), А.А. (29), С.Н. (48), Б.М. (25) сите од Скопје и Џ.Р. (36) од Тетово и С.И. (47) од Куманово.
Шеесет и тригодишна жителка на Куманово исчезнала, а кумановската полиција презема мерки за нејзино пронаоѓање.
Од првичниот увид на внатрешната контрола на Македонски Железници по незгодата која утринскиот воз на релација Кичево- Скопје ја имаше кај селото Падалиште има оштетен мотор и излетување од шините. Во незгодата нема повредени лица.
Патничкиот воз кој сообраќа на линијата Кичево-Скопје изутринава удрил во карпа која најверојатно паднала на шините во близина на селата Лакавица и Падалишта гостиварско. Повредени нема, но има материјална штета и во прекин е сообраќајот на тој дел од пругата.
Поради одрон на пругата кај Лакавица изутринава од шините се излизгал патничкиот воз што сообраќа на релација Кичево-Скопје, но нема повредени патници и персонал од железницата, изјавија за МИА од МЖ Транспорт ад Скопје.
Двајца возачи на патнички возила и еден велосипедист се здобиле со тешки телесни повреди, а шест лица со лесни телесни повреди во три од вкупно 21 сообраќајна незгода што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 14 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.