Бесим Камбери од гостиварското село Сенокос е петтата жртва од тешката сообраќајка кај Карпалак, чие име е објавено во јавноста.
Со жалење ја добивме веста за нашиот студент на факултетот за дизајн и мултимедија Бобан Аврамоски кој го загуби животот во вчерашната сообраќајна несреќа што ја потресе цела Македонија.
Деветнаесетгодишниот Онур Садику е еден од загинатите во превртениот автобус на Дурмо Турс, кој вчера излета од патот Скопје-Тетово. Погребот на момчето ќе се одржи денеска.
На железничката пруга помеѓу Сарај и Кондово, вчера, попладне, бил каменуван патнички воз кој сообраќал на релација Скопје – Кичево при што нема повредени лица.
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи, денеска во 13:15 часот го заврши увидот на лице место на тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера на патниот правец Скопје – Тетово, во која 14 лица го загубија животот, а повеќемина се повредени.
М.Т.(25) од Скопје синоќа физички нападнал полициски службеник при преземање службени дејствија во подземните гаражи на улица „Анкарска“, во Скопје.
Во несреќата има 14 жртви, а седуммина од кои четворица во ГОБ „8 Септември“ и тројца во Клиничкиот центар се во критична и тешка состојба, но се во стабилна здравствена состојба.
Град Скопје денеска со тага ја прими веста за прераната и неочекувана смрт на својот колега и пријател Зоран Давидоски, кој трагично го загуби својот живот во вчерашната сообраќајна несреќа што ја потресе целата држава.
Несреќата се случи меѓу Карпалак и Ласкарци вчера околу 17 часот. Загинаа 14 лица, а 37 се повредени, од кои седум се во тешка здравствена состојба. Автобусот на Дурмо турс сообраќал на релација Скопје-Гостивар.
Шестмина повредени, од кои четворица во Градската општа болница „8 Септември“ и двајца на Клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) се уште се во критична состојба по вчерашната несреќа кога автобус се преврте на автопатот Скопје – Тетово, кај селото Ласкарци, изјавија за МИА од двете јавни здравствени установи.