Полициски службеник на полноќ бил физички нападнат од 21-годишниот Ј.О. од Гостивар, информира МВР.
Две лица извршиле разбојништво на бензинска пумпа на автопатот Тетово-Скопје кај село Арнакија и од вработените одзеле пари од дневниот промет.
Непознат сторител ги одвртел завртките од ормарот на 50 киловолтната трафостаница во местото викано „Поводеници“ во Прилеп и ја турнал на земја, по што ги одзел бакарните намотки.
Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека поведена е постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека извршило кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 од Кривичниот законик.
Четири сообраќајни несреќи се случиле синоќа во штипскиот регион. Во две од нив шест лица се здобиле со телесни повреди и се пренесени во штипската Клиничка болница.
Како што изјавија за ТВ 21 од СВР Велес, несреќата се случила кога едно возило поради лизгавиот пат, удрило во столпчиња на патот, а потоа неможејќи да се контролираат, уште неколку возила удриле едно во друго. Има потврда за три полесно повредени лица.
Камион се изврти вечерва и го блокираше автопатот Скопје-Гевгелија, на околу два километра пред Неготино, повредени нема.
Убиецот на сопственикот на угостителскиот објект „Гурман“ во Кичево и уште едно лице се осомничени за обид за силување и разбојништво во Струга.
Демир Капија синоќа грчко „бмв” удрило во товарното возило кое растурало сол.
Полицијата при претрес на домот на триесетгодишен скопјанец во населбата Бутел откри и заплени 300 килограми марихуана.