Полицијата ноќеска приведе странски државјанки кои во текот на ноќта биле затекнати во угостителски објект во село Горно Седларце, покрај автопатот Тетово-Гостивар.
На пругата Велес – Градско кај железничката станица „Згрополци“ вчера во 18.45 часот машиновозач забележал тело на маж на пругата, информира СВР Велес.
Вооружен грабеж рано утрово се случил пред поштата во село Волково. Во СВР Скопје, инцидентот бил пријавен во 7:05 часот утрово од страна на З.Ц. (52) од Скопје, кој додека извршувал достава во поштата, бил пресретнат од две непознати лица, кои со закана со оружје му одзеле четири торби.
Во Делчево се трага по 80-годишник од село Очипала. Како што информира полицијата, случајот е пријавен вчера попладне кога последен пат бил забележан старецот. Потрагата најпрвин ја започнале неговите роднини, но, откако немало резултати во потрагата се вклучила и полицијата.
Државниот буџет е оштетен со 25,9 милиони денари откако на штипската фирма „Коле Транс“ и било овозможено бесправно користење песок од коритото на Брегалница , а заради тоа Финансиската полиција денеска поднесе кривични пријави против поранешен градоначалник на Штип, со иницијали И.З., и директор на ЈП Стипион, И.И.
Основното јавно обвинителство Скопје информира дека е издадена наредба за обезбедување на МРП вакцините со погрешни декларации, по добиено известување од МВР дека во простории во правното лице „Македонија лек“ биле пронајдени МРП вакцините со погрешни декларации и дека тие се уште не се уништени.
Четворица поранешни министри и заменици министри за земјоделство денеска се приведени во врска со истрагата за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.
Еден пешак е тешко, а четворица полесно повредени во четири сообраќајни незгоди од вкупно седум што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три сообраќајки е причинета материјална штета.
Расправијата помеѓу ученици во Охрид, што прерасна во оружен инцидент, во кој бил употребен импровизиран пиштол, ја предизвикал примерен ученик.
Мајка била повикана во училиште при што и биле покажани слики на мобилен телефон со вулгарна содржина во врска со нејзината малолетна ќерка, кои биле препраќани меѓу учениците.