Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице кое се товари за едно кривично дело, разбојништво, како и за продолжено кривично дело, разбојништво.
Во СВР Скопје ноќеска во 06:40 полициски службеник за внатрешно обезбедување на Министерството за економија пријавил дека во 04:00 часот на улица „Јуриј Гагарин“ непознато лице ја искршил стаклената влезна врата на министерството.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради постоење основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
Во СВР Скопје ноќеска во 04:20 часот било пријавено дека на булевар „Кирил и Методиј“, Д.А.(22) од Скопје со употреба на физичка сила извршил оштетување на две стаклени врати на објектот во кој што е сместен Инфоцентарот на Европска Унија.
Во општина Кисела Вода синоќа избувнал пожар во стан на улицата „Христо Татарчев“ бр. 62 -3 -1. Станот прво бил ограбен, се било претурено, а потоа запален. Повредени нема.
Непознати крадци провалиле во црквата „Света Богородица“ горнореканското село Сенце и однеле неколку икони, сребрен крст и пари.
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 2 часот на излезот на Радовиш..
Еден сопатник е тешко повреден, а 10 се полесно повредени во девет сообраќајни незгоди што се случиле на подрачјето на Град Скопје во изминатото деноноќие. Во истиот период се случиле и седум сообраќајки во кои е причинета материјална штета.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Полицијата поднесе кривични пријави против 45-годишна кумановка вработена во Управа за безбедност и контраразузнавање за „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против 48-годишен скопјанец вработен во Универзитетот за туризам и менаџмент „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“ бидејќи и помогнал без уплата на школарина и испити да се стекне со диплома и притоа да го оштети Универзитетот за вкупно 389.500 денари.