Основното јавно обвинителство Скопје до Кривичниот суд достави обвинение против 26-годишно лице кое се товари дека сторило кривични дела – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Полицијата поднесе кривична пријава против Д.В.(42) од кумановското село Агино Село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ и „загрозување на сигурноста“.
Поради постоење основи за сторено кривично дело „неовластено снимање“, на 23 јануари 2019 година, од слобода биле лишени Т.Т. (52) и Т.П.Б. (45), двајцата од Република Бугарија, информираат од МВР.
СВР Скопје поднесе прекршочна пријава против Љ.Т. (47), вработен во агенција за обезбедување, кој ја турнал М.М.(39) додека извршувала работни задачи како новинар за време на одржувањето на манифестацијата за фрлање на крстот на православниот празник Водици.
Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против даночен инспектор и уште две лица за примање поткуп.
Едно лице е повредено во оружена престрелка што се случи денеска во скопската населба Маџари.
Кумановската полиција вчера го уапсила 22- годишниот Љ.М., кој бил баран по потерница од казнено-поправата установа Охрид, соопшти денеска СВР Куманово.
Едно лице е потешко, а десет се полесно повредени во осум сообраќајки што изминатото деноноќие се случиле во Скопје. Во истиот период се случиле уште две сообраќајки во кои е причинета само материјална штета.
Лицето било приведено, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во текот на изминатото деноноќие во Скопје се санкционирани 41 возач за брзо возење, а тројца биле под дејство на алкохол, покажуваат податоците од билтенот на СВР Скопје.