Вчера во 13.20 часот, било пријавено дека во стан на улица „Сава Михајлов“ во Гевгелија, бил пронајден починат И.И.(57) од село Дедино, бeз траги на насилство, информираа денес од СВР Струмица.
Според изнесените иницијали во полицискиот билтен, иницијалите одговараат на Саше Ивановски познат како Политико, како и иницијалите се идентични со името и презимето на неговата сопруга.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се преземени мерки за споделената објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ од страна на 49-годишен И.Ј. со која тој предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во македонското Собрание и ширел расистички и ксенофобичен материјал.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – убиство.
Скопското Јавно обвинителство поднесе обвинение против татко и син од Скопје за неовластено поседување оружје и дрога. Таткото, како што соопшти денеска Обвинителството е во куќен притвор, а на синот му се определени мерки на претпазливост од судија на претходна постапка.
Четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во три од вкупно осум сообраќајки во текот на вчерашниот ден, а во пет била причинета материјална штета.
Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Андонов е еден од учесниците на сообраќајната несреќа кај последна петка во Ново Лисиче, каде беше повредено едно женско лице.
Вчеравечер во 23.05 часот во СВР Скопје, Д.И.(40) од Скопје, лице со нарушено ментално здравје, лажно пријавил дека поставил мина пред Собранието на Република Македонија, а потоа и во зградата на Итната медицинска помош.
Наставничка нападнала колешка во Кавадарци, информацијата за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Против А.М.(31) од село Никуштак, општина Липково, СВР Куманово поднесе кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.