Полицијата при претрес на домот на триесетгодишен скопјанец во населбата Бутел откри и заплени 300 килограми марихуана.
СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против четири лица и тоа: К.Т. (41), Ш.Д. (35), М.Џ. (33) и Б.Џ. (28) сите од Скопје, осомничени дека сториле кривично дело тешка кражба, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 350.000 денари.
Eдно лице се здобило со тешки телесни повреди во една од вкупно девет сообраќајки во текот на вчерашниот ден, а 10 со полесни повреди во пет сообраќајки. Во три била причинета материјална штета.
Две деца на возраст од една и пет години се на иследување во кавадаречката Општа болница по сообраќајката кај Демир Капија кога патничко моторно возило удрило во товарно возило на Македонија пат кое растурало сол на авотпатот Гевгелија-Скопје.
Во возилото биле 3 лица, еден пациент кој што итната помош го зела од клиниката за Гастро од Скопје, член на неговото семејство и возачот од Итна помош од Прилеп. Иако возилото се превртело два пати, чиста среќа во несреќа било тоа што никој од оние кои биле во него не е повреден.
Патничко возило удрило во камион на Македонија пат” на автопатот Гевгелија-Скопје кај Демир Капија, кој растурал сол, за МИА потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Поради случена сообраќајна незгода вечерва од 20:30 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, на местото викано „кај тунелот Т2“, помеѓу Гевгелија и Неготино, сообраќајот е во целосен прекин.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против М.В.(59), Љ.Б.(52) и Г.М.(51), сите од Македонски Брод, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Едно лице загинало во една од вкупно 29 сообраќaјки за време на празниците. Четири лица се здобиле со тешки телесни повреди во четири сообраќајки, од кои една е железничка несреќа, во десет сообраќајки полесно биле повредени 18 лица, а во 14 била причинета материјална штета.
Вчера во 18:00 часот 32-годишната Д.Ј. од Скопје пријавила дека околу 15:20 часот пред угостителски објект на улица „Њу Делхиска" додека била со 35-годишниот Т.Т. биле физички нападнати од 40-годишниот И.В. од Скопје.