Едно лице е тешко повредено во сообраќајната несреќа која се случи кај местото викано Просеченик кај село Псача во општина Ранковце, на магистралниот пат А2, Куманово -Крива Паланка, поради што и сообраќајот е во прекин од 13:45 попладне.
Кај 21 возач од 120 контролирани во полициска акција во Скопје ноќеска е утврдено присуство на алкохол, соопшти МВР. Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ја спровело контролата меѓу 23 часот синоќа до 5 часот утрово. Еден од контролираните возачи одбил да биде алкотестиран.
Албанската полиција уапси девет лица, меѓу нив и еден македонски државјанин и петмина цариници од преминот Ќафасан на албанско-македонската граница кај Струга, поради шверц на употребени гуми за возила.
Кумановец (33) уплатил аванс од над 46.000 евра за набавка на машина на лажна банкарска сметка на фирма од Италија, соопшти кумановската полиција.
Основното јавно обвинителство Тетово најави дека ќе ја обжали ослободителната пресуда за гинекологот Казимир Копривњак донесена денеска од Основниот суд во Тетово.
Камион за собирање ѓубре на скопското јавно претпријатие „Комунална хигиена“ е украден минатиот викенд. Камионот поради дефект, вработените во претпријатието го однеле на сервис. Поправките кога ќе се расипат возилата траат неколку дена, но дека го нема камионот вработените во сервисот со кој „Комунална хигиена“ склучила договор, забележале на 12 ноември, пренесува СДК.
Седум лица се полесно повредни во девет сообраќајни несреќи што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајки причинета е само материјална штета.
Кривична пријава е поднесена против албански државјанин поради основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“.
Во тепачка меѓу две групи што вчера се случила на улицата „Браќа Ѓиноски" во Гостивар, со потешки повреди се задобиле две лица, а полицијата лишила од слобода петмина жители на селото Ѓурѓевиште.
Грчката полиција, со помош на полициското куче Хани, на грчката страна од граничниот премин Богородица (Евзони) во петокот напладне, уапсила 36-годишен странски државјанин кој во Грција се обидел да внесе 32 килограми и 766 грама канабис, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за македонски државјанин.