Околу 19:00 часот вечерва на улицата Лазо Трповски во Чаир по претходна расправија помеѓу три лица дошло до меѓусебна престрелка, но за среќа нема повредени.
Четири македонски државјанки се полесно повредени во сообраќајна несреќа што доцна попладнево се случила во близина на преминот „Ќафасан“, на албанско-македонската граница. Во несреќата учествувало и возило со македонски регистарски таблички.
Пожар избувна попладнево околу 13 часот во куќа на улицата „8 март’“ во Струмица, во местото викано „Дупена чешма“. Повредени нема, причинета е само материјална штета.
За два месеца, во јули и август, полицијата во Прилеп регистрила 13 случаи на кражби на тутун, од кои 10 во јули и три во август. Од сите случаи, за еден е извршен увид, а за сите се трага по сторителите, информираат од СВР Битола.
Триесет и тригодишна жителка на Свети Николе е фатена од полицијата откако во ист ден извршила две кражби во маркети во овој град.
Две лица се измамени во врска со дрво за огрев. На двете лица им било ветено дека ќе добијат дрво, а откако ги платиле парите, останале и без пари и без дрво.
Четирисет и седумгодишниот А.Џ. од Скопје вчера бил донесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза’ со тешки телесни повреди здобиени по пад од покрив.
При акциска контрола на полицијата ноќеска во угостителски објект во Жеровјане биле затекнати девет женски лица кои ги забавувале гостите. Од нив три биле српски државјанки и една од Република Бугарија. Заедно со сопственикот на објектот тие биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.
Скопјанец пријавил дека бил нападнат од вработен во Управните служби во зградата на МРТ додека чекал да си ја подигне личната карта, соопшти полицијата.
Дваесетгодишниот М.А., жител на село Отља во општина Липково починал синоќа во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, откако претходно управувајќи патничко возило „Форд-Фокус“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во бетонски столб, при што се здобил со сериозни повреди.