Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривични пријави против две лица кои со манипулација во казино противправно стекнале 1.486.383 денари.
Две деца и три возрасни лица од Виница завршија на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип по констатирано труење со храна.
Три непознати лица доцна синоќа, во еден часот по полноќ, извршиле разбојништво над двајца вработени во испоставата на Македонски железници - Трубарево по што одзеле делови од вагон.
Четириесет и седумгодишен пожарникар Г.Ј. од Скопје починал вчера откако му се слошило додека учествувал во гаснење на пожар во близина на Транзитниот центар за странци.
Граѓани од ова село го пријавиле пожарот во депонијата кај инспекциските служби, а вработени од комуналнoто претпријатие од Струмица се на терен и работат на санирање на пожарот.
Полицијата лиши од слобода четири лица осомничени дека се сторители разбојништвото кое вчера околу 09 часот беше извршено во менувачницата, односно агенцијата за трансфер на пари лоцирана на улица „Илинденска“ во Тетово.
Едно лице го загуби животот, 14 други се со телесни повреди во вкупно 15 сообраќајни незгоди што се случиле вчера во Скопје.
Десет лица се повредени од кои едно со потешки повреди во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 14.30 часот на регионалниот пат Пирок - Тетово кај селото Долно Палчиште, изјави портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Во текот на вчерашниот ден во 20:45 часот Р.З.(41) од Скопје пријавила дека околу 13.30 часот додека не била присутна во Клиника за детски болести во собата каде престојувала со нејзиното малолетно дете во моментот кога се вратила во клиниката забележала дека нејзиното дете го нема, информираат од МВР.
Од МВР информираат дека во текот на вчерашниот ден во 13:00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје М.Н.(40) пријавил дека истиот ден околу 11,00 часот во средното училиште „Методија Митевски-Брицо“ повеќе пати предупредил ученик дека го нарушувал часот со неговото однесување и од страна на М.Н. бил отстранет од час.