Скопјанец пријавил дека бил нападнат од вработен во Управните служби во зградата на МРТ додека чекал да си ја подигне личната карта, соопшти полицијата.
Дваесетгодишниот М.А., жител на село Отља во општина Липково починал синоќа во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, откако претходно управувајќи патничко возило „Форд-Фокус“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во бетонски столб, при што се здобил со сериозни повреди.
Двајца турски државјани У.А. (28) и Г.Р. (25) биле лишени од слобода и предадени во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка откако половина час по полноќ на Граничниот премин „Богородица“ при пасошка контрола било констатирано дека поседуваат пасоши кои биле предмет на потрага на Интерпол-Турција, односно биле пријавени за изгубени/украдени од имателот.
Шеесет и двегодишната В.М. од с.Требеништа, со живеалиште во Австралија, вчера била прегазена од трактор на локалниот пат Требеништа - Ливоишта.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „запуштање и малтретирање на дете“, надворешната канцеларија за криминалистички работи од Кичево, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Џ.М.34 годишен и С.М.30 годишен двајцата од Кичево.
В.Б.(34) од Демир Капија се здобил со повреди откако со мотоциклот марка „Орион“ кој го управувал без регистарски броеви на патот Демир Капија-село Бесвица удрил во паркирано товарно возило марка „ДАФ“ со демиркаписки регистарски таблици.
На територија на Скопје во изминатото деноноќие се случиле 12 сообраќајни несреќи во кои едно лице е потешко повредено, а петмина се здобиле со лесни телесни повреди.
Пожар во куќа на улицата „Невена Георгиева Дуња“ во скопската населба Кисела Вода избувнал ноќеска околу еден часот по полноќ.
Два несреќни случаи попладнево се случија во Делчево и во двата одделно повредени се малолетни деца.
Скопјанецот Ш.Ш (73) вчера во 13.45 часот, физички бил нападнат од непознато машко лице.