Дваесетгодишниот М.А., жител на село Отља во општина Липково починал синоќа во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, откако претходно управувајќи патничко возило „Форд-Фокус“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во бетонски столб, при што се здобил со сериозни повреди.

МВР информира дека по несреќата тој заедно со сопатникот А.Е., биле пренесени во Општа болница Куманово, а по укажаната помош, поради сериозноста на повредите биле транспортирани во Ургентниот центар во Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на М.А. било дадено на обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2018 12:17