Љупчо Ј. (32) од Охрид загина во сообраќајна несреќа што вчера попладнето се случи на магистралниот патен правец Охрид - Ресен, кај селото Косел.
Едно лице e повредено синоќа пред полноќ откако „ауди“ излетало од регионалниот пат Неготино-Кавадарци, во кавадаречкото село Марена. Оваа информација утрово за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Кривични пријави се поднесени против поранешниот директот на ЈПКД „Тополка“ - Чашка и поранашен в.д. директор поради злоупотреба на службена положба со што го оштетиле претпријатието за над три милиони денари.
„На 03.08.2018 година во 03,40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ имало опожарено патничко моторно возило “Мерцедес Ц 220“ сопственост на Ш.Н.(70) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во настаните од дневниот билтен на МВР.
Секторот за внатрешни работи Охрид приведе и од слобода лиши четири лица - две машки и две женски од Куманово, кои ноќеска околу 3.30 часот во дискотека во Охрид со елементи на насилство го нарушиле јавниот ред и мир.
Татко и син вчера попладне влегле во скопска месарница и бидејќи не биле задоволни од услугата, најпрво почнале вербална расправија со продавачот. Потоа, едниот од нив и му се заканил, вадејќи службена легитимација од МВР и пиштол.
Едно лице починато и еден труп во распаѓање се пријавени вчера во скопската полиција.
Три лица се тешко повредени откако доцна синоќа патничко моторно возило „Гранд Чероки“ со бугарски национални ознаки излетало од коловозот кај т.н. Мавровска крстосница - Маврови Анови, соопшти МВР.
Тринаесетгодишно девојче од Струмица е тешко повредено во сообраќајка што се случила вчера попладне во село Пирава.
Два пожара избувнале ноќеска во станови во скопските населби Автокоманда и Аеродром. Повредени нема, причинети се само материјални штети.