„На 03.08.2018 година во 03,40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ имало опожарено патничко моторно возило “Мерцедес Ц 220“ сопственост на Ш.Н.(70) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во настаните од дневниот билтен на МВР.

На крајот на март, пак, беше опожарено возилото на неговиот син Сашо Наков. Кога избил пожарот возилото марка „БМВ“ било паркирано на улицата „Мирослав Крлежа“.

Штерјо Наков тогаш негираше дека пожарот бил подметнат.

– Не станува збор за запалено возило. Се случил дефект. Направен е и записник. Утврдено е дека се запалиле каблите – рече Наков.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2018 19:11