Возилото кое рано утрово во Битола било опожарено е во сопственост на директорот на ЈП „Водовод“ – Битола, Горан Козаров
Синоќа околу 23.20 часот во касарна „Страшо Пинџур“, вработен кој бил во дежурната служба, забележал патничко моторно возило „Форд галакси“ со романски регистарски ознаки, во кое биле две лица и истото запрело во близина на касарната.
Патничко возило „голф“ ноќеска е опожарено на улицата „Виргино“ во Скопје.
Четириесет и шестгодишен жител од неготинското село Тремник вчера починал откако испил отров во семејната куќа.
МВР поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство во Скопје против И.И. (30) од Скопје поради основи на сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“. Пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 73.000 евра.
Изутрината во центарот на Прилеп е пронајден мртов маж на околу 30-годишна возраст. Според Јавното обвинителство во Прилеп на пронајдениот прилепчанец не се констатирани траги на насилство и е наредена обдукција за да се утврдат причините за смртта.
Три лица биле тешко повредени во три од вкупно 30 сообраќајки случени во текот на изминатиот викенд. Во 16 сообраќајки биле полесно повредени 28 лица, а во 11 била причинета материјална штета.
Сообраќајот на регионалниот пат Куманово- Свети Николе кај м.в. Мездра, е во прекин поради сообраќајна незгода.
Тие морале да ја напуштат крштевката на ќерката на еден од спасувачите за да тргнат во потрага по загубениот странец.
Како што информира МВР, нападот се случил на улицата „8 Септември“ во Дебар. На Г.Е. му била укажана лекарска помош во Медицински центар-Дебар од каде бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.