МВР поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство во Скопје против И.И. (30) од Скопје поради основи на сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“. Пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 73.000 евра.

Од судија на претходна постапка на И.И. веќе му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

МВР информира дека И.И. на 12-ти овој месец нешто по седум часот, на бензинска пумпа на автопатот Куманово-Скопје забележал дека во возилото на оштетениот има торбичка со пари, која што била на совозачко седиште од автомобилот.

- Откако оштетениот тргнал со своето возило, напуштајќи ја бензинската пумпа, во правец кон Скопје, бил престигнат од возилото на пријавениот И.И. кој во еден момент со десната рака почнал да покажува кон десното задно тркало од возилото на оштетениот сигнализирајќи дефект. Оштетениот застанал и се упатил кон задниот дел од возилото за да провери за што станува збор, а пријавениот во тој момент ја одземал торбичкаата и избегал, се вели во соопштението од МВР.

Веднаш по пријавата презмени се мерки и активности. И.И. е приведен, а во полициска станица извршено е и препознавање на обвинетиот.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2018 15:23