Непознат сторител вчера го ограбил Р.Л. (38) од Украина на бензинска пумпа во близина на Градско, додека бил паркиран и одморал во неговото комбе „Рено Трафик“ со национална ознака на Украина.
Дванаесетгодишно момче од Скопје вчера околу 12 часот исчезнало од семејната куќа и заминало во непознат правец.
Околу 3.500 денари штета предизвикале засега непознати сторители по тешката кржба извршена во засега точно неутврдено време изминатата седмица во црквата света Петка во селото Луковица, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Непознато машко лице синоќа во 21:10 часот физички ја нападнал В.Џ.(26) од Скопје, која била на прославата во Градскиот парк.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против З.К.(57) од Струга.
Откако на лицето му било укажано да го тргне возилото истиот им упатил навреди на полициските службеници по што во еден момент започнал да влече еден службеник за кошулата.
Во чајџилница во Арачиново вчера бил повреден дваесет и тригодишен маж од залутан куршум. Повредениот е префрлен во Градската болница каде му е укажана лекарска помош.
Како што соопшти МВР, поради непристапност на теренот лешот ќе се вади од водите на Вардар во текот на денешниот ден, кога ќе биде извршен и увид.
Како што соопшти МВР, во акцијата, што се одвивала од 23 до 3 часот утринава, во двата објекта полицијата пронашла и привела 22 државјанки на Албанија, една на Косово, две од Србија и седум Македонки.
По наредба на јавен обвинител издадени се наредби за вештачење на оружјето, возилото и трагите најдени на местото каде синоќа во Тетово имаше вооружена престрелка во која беа повредени три лица.