По наредба на јавен обвинител издадени се наредби за вештачење на оружјето, возилото и трагите најдени на местото каде синоќа во Тетово имаше вооружена престрелка во која беа повредени три лица.
По наредба на јавниот обвинител, на сите инволвирани во инцидентот ќе им бидат земени парафински ракавици заради проверка на присуството на барутни честички, а ќе се проверува и присуството на алкохол во крвта, информираат од Јавното обвинителство.
Мотивот за престрелката ќе се утврдува.
Во инцидентот кој се случи на улицата „29 Ноември“ во 2:20 часот беа повредени три лица кои поради сериозноста на повредите се пренесени на комплексот клиники во Скопје.