Камион Сканија со скопски регистарски ознаки се преврте на магистралниот пат А2, Крива Паланка -Куманово, кај село Псача.
Четворица повредени мотоциклисти и сопатници, од кои двајца потешко, се последиците од две сообраќајки со моторцикли што вчера се случиле во Тетово и Гостивар, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Женско бебе на возраст од околу една недела е оставено пред влезот на Домот за доенчиња во Битола.
Според денешниот билтен на МВР, починатиот З.С. е пронајден на улицата „Благој Ѓорчев“ во Велес по што е извршен увид на местото на настанот, а телото на починатиот е испратено на обдукција на Институтот за судска медицина во Скопје.
Дванаесет лица од Пакистан и шест од Авганистан се откриени доцна синоќа во возило со штипски регистарски ознаки кое сообраќало на регионалниот пат Неготино - Радовиш, во близина на полигонот кај село Пепелиште.
Детето со тешки телесни повреди е пренесено во Општата болница во Куманово од каде по укажаната лекарска помош е префрлено во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Воз што сообраќал на релација Скопје-Битола утрово удрил во автомобил кај Велес. Повредени нема, железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола е во прекин.
Тринаесет лица биле полесно повредени во 10 од вкупно 24 сообраќајки случени во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во 14 сообраќајки била причинета материјална штета.
Секторот за внатрешни работи Охрид до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Д.О.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба”.
Две лица се обиделе насилно да внесат 19 годишна девојка во автомобил синоќа на ул. „Индира Ганди“ во општина Чаир.